Најновата анкета на компанијата „ГФК“ покажува дека речиси 40 проценти од чешките и словачките граѓани тајно ги читаат СМС пораките или електронската пошта на своите партнери, јави дописникот на МИА од Прага.
Според резултатите, жените се пољубопитни и 43 од Чехинките односно речиси половина од анкетираните жени од Словачка признале дека ги „шпионираат“ своите партнери.
Од мажите, 37 проценти Чеси и 39 проценти Словаци признале дека тајно проверуваат туѓи мобилни телефони или компјутери.
Речиси две третини од Словаците, а 57 проценти од Чесите не се каат за тоа што го направиле и би го повториле својот чин. Минатогодишното испитување на телекомуникацискиот гигант „Водафон“, покажа дека околу 17 проценти од Чесите откриле дека нивниот партнер ги изневерува токмусо прегледување на нивниот мобилен телефон.
Операторот исто така открива дека анкетите покажуваат дека повеќе од 60 проценти од луѓето флертуваат прекутелефон со други лица, а не со оној со кого се во врска.