Часот на раѓање кажува каква личност сте

Од:

Проверете во колку часот сте родени, пронајдете се на оваа листа и откријте кои карактеристики се однесуваат на вас.

Родените помеѓу 6 и 8 часот наутро се личности кои го сакаат својот мир и простор само за себе. Позитивни се, луѓето ги сакаат и се сметаа себе си за природни исцелители.

Оние пак кои дошле на свет помеѓу 8 и 10 часот имаат среќни раце и се што ќе допрат го претвораат во злато. Тие многу ја сакаат забавата и друштвото.

Родените помеѓу 10 и 12 часот напладне се успешни луѓе, работници и се им оди од рака. Кариерата им е загарантирана, а голема е веројатноста дека сами може да покренат нова работа.

А оние пак кои часот на раѓање им е помеѓу 12 до 14 часот се родени учители. Овие луѓе имаат одлични комуникативни вештини , па совршено се снаоѓаат во продажбата и маректингот.

Луѓето чиј час на раѓање е во периодот помеѓу 14 и 16 часот се личности кои имаат среќна рака и тоа може да го искористат во игрите на среќа. Со леснотија ја извршуваат работата која ја работат.

Родените помеѓу 16 и 18 часот се сметаат за луѓе кои на прво место го ставаат семејството.

Лесно се врзуваат за луѓето и оставаат впечаток дека се доверливи личности, поради што многумина ги сакаат.

Родените помеѓу 18 и 20 часот важат за многу вредни личности но по малку неспретни. Работата ќе ја извршат до крај но притоа нешто ќе згрешат. Важат за интелигентни луѓе но им фали самопочитување.

Личностите родени помеѓу 20 и 22 часот се позитивни луѓе и многу сакаат да се веселат. Ги сакаат децата и тежнеат кон сигурност во семејството.

Родените помеѓу 22 часот и полноќ се луѓе кои го сакаат животот и дружењето.
Родените помеѓу полноќ и 4 часот наутро живеат за да го пренесат своето знаење на другите и тоа ги прави среќни. Овие луѓе се родени педагози.

И за на крај родените помеѓу 4 и 6 часот наутро се личности на кои физичкиот изглед им е многу важен. Тие се педантни но и малку површни луѓе.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ