Рок пионерот Чак Бери го прослави 90. роденден со најава за нов албум, прв после 40 години.
Албумот со едноставен наслов „Чак“, би требало следната година да се најде во продажба.
Бери, кој се смета за еден од татковците на рокенролот и еден од најдобрите гитаристи, е препознатлив по посебниот сценски настап и стилот на свирење гитара.
Неговиот хит „Johnny B.Goode“ од 1958 година до денес остана еден од најпризнатите наслови на популарната музика и е одбран во песните кои во 1977 година се лансирани со вселенската сонда „Voyager“ како порака од Земјаните за можните вонземјани.
„Чак“ ќе биде прв негов албум после 38 години посветен на сопругата Темети Бери, со која живее 68 години.
„Драга, остарев. Долго време работев на тој албум, сега можам да престанам“, напиша тој во извештајот.