„Бургер Кинг“ ќе престане да купува месо од малтретирани животни

Од:

Синџирот на ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ соопшти дека ќе престане да купува пилешко месо од фарми каде се малтретираат животните.

Компанијата најави дека планира до 2024 година да купува само кокошки во склоп со стандардите што ги постави организацијата Глобално животинско партнерство.

„Бургер Кинг“ смета дека на тој начин ќе се намалат страдањата на милиони кокошки.

– Кокошките во фабриките се одгледуваат само поради месото, а познати се и под називот „бројлери“. Тие се меѓу најмалтретираните животни на планетата. Одгледувани се тие да растат неприродно брзо, така што често се осакатени поради нивната тежина. Тие многу страдат од константна болка, па често не можат ни да стојат. Така поминуваат цело време тркалајќи се во отпадот, истакнува организацијата Глобално животинско партнерство.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава