BtoBet засади 1.500 дрва во волонтерска еко-акција

Од:

Вработените на македонската компанија BtoBet го одбележаа почетокот на пролетта со волонтерска еко-акција за пошумување во едно од најубавите места во нашата земја, Бислимската Клисура. Тимот од близу 50 вработени им се придружи на локалните жители во акцијата за раззеленување на околината на селото Пчиња и засади вкупно 1500 дрвца во близина на клисурата.

„Навистина нѐ прави среќни што како тим, на овој начин можеме да дадеме заеднички придонес за зачувување на животната средина. Нашата земја изобилува со прекрасни предели кои треба да ги заштитиме и чуваме, и токму затоа одлучивме со оваа акција, како еко-одговорна компанија да влијаеме врз зголемување на јавната свест за важноста на зачувување на природата, истовремено негувајќи го тимскиот дух. Цврсто веруваме дека промовирањето корпоративни практики од овој вид е особено значајно, бидејќи сечиј индивидуален, навидум мал придонес, резултира со голем колективен успех“, изјави управниот директор на BtoBet, Зоран Спасов Ѕоф.

Покрај позитивното влијание врз животната средина, иницијативата на компанијата е од особена важност и за развојот на домашниот туризам, имајќи предвид дека Бислимската Клисура по своите карактеристики е едно од најинтересните и живописни места во Македонија. По акцијата за пошумување, вработените во BtoBet имаа можност да дознаат повеќе за одгледувањето и производството на сончоглед и грав во земјава, бидејќи во селото Пчиња живее семејство кое е најголем производител на бел сончоглед и грав во нашата земја.

Инаку, оваа акција е дел од општествено одговорните активности на компанијата и начин за враќање на заедницата во која таа делува. На почетокот од оваа година, тимот на BtoBet даде свој придонес и кон неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни Оброк“, приготвувајќи оброци за социјално загрозените граѓани и промовирајќи солидарност и споделување со оние на кои тоа им е најпотребно.

ПР текст

Би можело да ве интересира

BtoBet го зајакна својот раководен тим со двајца нови сениор менаџери

BtoBet ја продолжува поддршката на македонскиот спорт

Ана Ололовска

BtoBet спроведе крводарителска акција

BtoBet стана дел од глобалниот iGaming гигант NeoGames

BtoBet со нов технолошки центар во Битола

Ана Ололовска