Бруно Марс ги освои клучните Греми награди

Од:

Бруно Марс е убедлив победник на овогодинешните доделувања на наградите Греми, освојувајќи награди во сите клучни категории и покрај доминацијата на Џеј-Зи и Кендрик Ламар во номинациите.

Бруно Марс ја доби наградата за песна на годината за хитот „That’s What I Like“. Во таа категорија ги победи „Despacito“ na Луи Фонси, „4:44“ на Џеј-Зи, „Issues“ на Џулија Мајклс и „1-800-273-8255“ на Алесија Кара.

Албумот на Марс „24K Magic“ е прогласен за најдобар албум на годината.

За најдобар поп албум беше избран албумот „Divide“ од Ед Ширан, додека наградата за најдобар рок албум ја доби „A Deeper Understanding“ од бендтот The War on Drugs.

Џеј-Зи со неговиот албум „4:44“ ја доби наградата за најдобар рап албум, со што тој досега има освоено 21 Греми.

На црвениот тепих голем број на пеачи и пеачи носеа бели ружи во знак на поддршка на еднаквоста на жените и нивната сигурност од сексуално вознемирување.

Би можело да ве интересира

Одложено доделувањето на наградите „Греми“ поради Ковид-19

А1он

Се одржа 63. доделување на Греми наградите

Ана Ололовска

Рекорд на Бијонсе кај Греми наградите

Ана Ололовска

Бијонсе со девет номинации на Греми наградите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Најмаркантните настапи од Греми наградите

А1он

Били Ајлиш доминираше на Греми наградите

Ана Ололовска