Бритни Спирс последниве месеци често беше тема на таблоидите, но не поради професионалната работа, туку поради нејзините фалби со одличната витка става до која дошла со напорни тренинзи и внимателно одбрана исхрана.
Но, конечно сега Бритни повторно се најде во центарот на внимението на медимути поради нејзината професија – пеењето.
Имено, Бритни синоќа ја промовираше новата песна „Make Me“, која е изработена во соработка со Џи-Изи.
За насловната страна на синглот Бритни облече високи бели чизми и многу малку облека, со што повторно го покажа својот рамен стомак на кој е премногу горда.
Спот за песната се уште не е промовиран, но се очекува и тоа да се случи наскоро и Бритни конечно повторно да блесне на музичката сцена, по низата крахови, кои почнаа уште во 2007 година со бричењето на главата и нападот врз еден фотограф.