Бремените жени, кои вежбаат се посреќни

Од:

Вежбањето во бременоста е важно за здравјето на жената, но најновите истражувања покажаа дека тоа исто така го подобрува расположение кај бремените жени.


Вежбањето може да го подобри расположението и да го намали чувството на замор кај бремените жени, покажуваа резултатите од канадското истражување, кое е објавено од сајтот Сајнс Дејли.


Научниците од Универзитетот во Западно Онтарио спроведоа студија за влијанието на вежбањето врз психичкото и физичкото здравје на бремените жени.


Во истражувањето учествувале физички неактивни бремени жени, кои минале низ четиринеделна програма за вежбање, по што биле значително порасположени и поодморени.


Ова истражување е од големо значење, тврдат научниците, бидејќи се покажало дека само со соодветна програма може да се спречи појавата на депресија и замор во бременоста, а со самото тоа и бројните несакани последици на овие состојби. 


Претходните истражувања покажале дека жените, кои се депресивни или анксиозни за време на бременоста, често пати раѓаат деца, кои имаат зголемено ниво на кортизол по раѓањето и во адолесценцијата и оти кај нив постои поголем ризик од појава на развојни и ментални пореметувања.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ