Холивудската актерка Анџелина Џоли оствари судска победа во спорот против нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. Судот одлучи дека Пит мора да ги предаде сите документи кои можат да потврдат дека бил насилен кон неа и нивните деца.
Како што пренесуваат светските медиуми, поранешната популарна актерска двојка се уште се расправа околу сопственоста на лозјето Миравал во Франција.
Засега е познато дека како дел од спорот судот му наредил на Пит да ги открие сите можни докази поврзани со насилството.
Џоли побара од судот да го принуди Пит да открие сè што се случило помеѓу 14 септември 2016 и 31 декември 2018 година, вклучително и е-пошта, пораки и други форми на писмена комуникација, освен оние меѓу него, неговите адвокати или терапевти.
Џоли уште во 2016 година го обвини Пит дека во приватен авион ја полил со вино, неа и едно од нивните деца. Исто така, познатата актерка изнесе тврдења дека и претходно ја малтретирал. Светски познатиот актер упорно ги негира овие обвинувања.
Во јули оваа година, Џоли поднесе докази до судот кои укажуваат на тоа дека Пит се обидел да ја принуди да потпише договор за необјавување вреден 8,5 милиони долари за да ги прикрие, како што тврди, „годишните злоупотреби“.
Како резултат на тоа, нејзиниот правен тим побара Пит да ги открие „приватните комуникации од трета страна“ поврзани со спорниот лет, кој актерот наводно го поседува.
Адвокатот на Џоли, Пол Марфи, изјави дека таа никогаш не сакала да ја започне оваа правна битка.