Изаија Веб (30) сфати дека ќе има светла иднина откако на Инстаграм постави само една фотографија.
Сликата „Лораксова брадата“ (The „Lorax beard“) ја постави на мрежата на 10 септември 2012 година и така е роден „Incredibeard“ (во слободен превод „Чудеснобрадестиот“), пишува „Бизнис инсајдер“.
Речиси две години подоцна, поголемиот дел од 250.000 следбеници на Веб, го познаваат само под тој надимак. Благодарејќи на „Редит“, за неколку месеци имал огромен голем број следбеници на Инстаграм, Фејсбук и Твитер.
Уште поголем успех стекна после конкурсот на модната компанија „Марк Џејкобс“. Од учесниците на конкурсот се бараше да снимат видео кое ќе покаже зошто заслужуваат да станат ѕвезди. Не можел да верува дека го избрале токму неговиот клип. Патот во Лос Анџелес беше можност својата брада да ја претвори во бизнис.
Разговарал со водечки личности од модната куќа „Марк Џејкобс“ што му овозможи да го создаде „Incredibeard Co“, интернет продавница за маици и прибор за нега на брадата.