Звучи неверојатно, но американските научници тврдат дека брачната среќа би можела да биде поврзана со генетиката.
Некои експерти наведуваат дека тајната за среќен брак е компромис на кои константно мораме да се согласуваме ако сакаме заеднички живот, а според други дека никогаш не треба да одите на спиење налутени на својот партнер.
Клучнот за брачна среќа лежи во нашата ДНК, сметаат американските научници, а истражувањето врз кое се заснова оваа тврдење е спроведено на универзитетите Беркли и Нортвестерн.
Постои ген кои на едни им дава можност да ја искусат среќата и задоволството во бракот, а на други пак тоа истото го оневозможува.
Сите го носиме генот 5-HTTLPR кој го наследуваме од двата родители. Меѓутоа, кај лицата кај кои тој ген е помалку застапен се несреќни во бракот во споредба со другите.
Истржувањето се заснова на повеќе од 150 двојки кои се во брак подолго од 20 години.
Тоа објаснување е особено поедноставено, а Клаудија Хас која ја предводеше екипата истражувачи појаснува дека „луѓето со два куси алели (различни форми на еден ист ген) тој ген можат да бидат среќи во бракот ако емоционалната клима во таа брачна заедича е добра.
Истражувањето укажува дека лицата со подолги алели на генот се многу толерантни на проблемите, па можат да бидат среќни во бракот дури и ако имаат потешкотии во него.