Мустафа имал намера да ја бодри репрезентацијата на Босна и Херцеговина на мечот со Летонија, но не стигнал на вистинската локација, бидејќи допатувал во Литванија.
БиХ синоќа играше во Рига и ја победи селекцијата на Летонија со 5:0 во квалификациите од СП 2014 година. Босанците на овој меч имаа голем број на навивачи.
Мустафа тргнал да ја бодри БиХ, но го промашил и градот и државата. Тој допатувал во Литванија, а потоа на Фејсбук се запрашал зошто нема никој од неговите сонародници и кога започнува натпреварот. Набрзо се’ му станало јасно.