Борис Березовски го продава портретот на Ленин од Енди Ворхол

Од:

Рускиот олигарх и дисдент Борис Березовски, кој живее во егзил во Велика Британија, соопшти дека преку аукциската куќа „Кристис“ во Лондон ќе продаде дел од неговата колекција слики од Енди Ворхол, меѓу кои се наоѓа и портретот на Владимир Илич Ленин.

Березовски, кој минатата година загуби судски спор од три милијарди фунти со Роман Абрамович што се водеше пред Вишиот суд во Лондон, настојува со продажбата на дел од богатата збирка уметнички слики да ги покрие загубите од спорот.

Сликата „Црвениот Ленин“ американскиот поп уметник Енди Ворхол ја насликал во 1987 година. Експертите на „Кристис“ ја проценуваат сликата меѓу 30 и 50 илјади фунти.

Березовски, некогаш моќниот човек на руската посткомунистичка политика сцена, го тужеше сопственикот на фудбалскиот клуб „Челзи“ Роман Абрамович за „измама и грабеж“ при исплатата на акциите што Березовски ги имаше во некогаш заедничката нафтена компанија „Сибњефт“.

Березовски на судот тврдеше дека Абрамович го измамил купувајќи ги акциите по многу пониска цена од реалната, плашејќи се дека ако не ги продаде, целосно ќе ги загуби, поради неговиот судир со рускиот претседател Владимир Путин. Подоцна Абрамович ја продаде целата компанија на државата за повисока цена на акциите, заработувајќи многу пари.

Судот во Лондон меѓутоа не ги прифати тврдењата на Березовски и на неговите адвокати, па тој го загубу спорот и мораше да плати мошне високи судски трошоци.

Березовски е веќе 13 години бегалец и доби дозвола за траен престој во Велика Британија. Тој важи за најостриот критичар на Путин и на неговата внатрешна и надворешна сцена.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските