Бонтон за средба со поранешното момче

Од:

Средбата со поранешното момче може да биде стресен настан, не затоа што се уште го сакате, тукузатоа што не знаете како да се однесувате во таква ситуација. Дали треба да се сокриете? Да бидете кул? Или саркастични?

Еве неколкусовети за следната средба да биде што е можна попријатна.

Однесувајте се како да сте изненадени

Можеби звучи чудно, но сакате да биде јасно дека не сте опседнати со него откако сте ја прекинале врската и дека не сте испланирале случајна средба. Однесувајте се дека ви е мило што го гледате, но исто така сте изненадени што сте наишле еден на друг.

Без иронија

Дури и ако бил најлош и прекинот на врската била најдобра работа што ви се случила, целосно е нормално да сакате да го проколнува денот кога ве изгубил. Но, ако сте безобразни кога ќе се сретнете, тој нема да биде тажен што ве изгубил. Освен тоа, со љубезноста покажувате дека не ви е грижа за него. Запомнете, спротивно од љубовта не е омразата, туку рамнодушноста.

Немојте да лажете

Веројатно имате некои заеднички пријатели или се уште сте пријатели на Фејсбук, според тоа нема потреба да измислувате некои сочни приказни бидејќи веројатно ќе ги дознае и ќе се чувствувате глупаво. Ако имате потреба малку да го разубавите својот живот, фокусирајте се на позитивни работи и зборувајте за тоа.

Бидете феноменални

Бидете насмеани, флертувајте и шармирајте се околусебе, дури и кога мислите дека тој не гледа.

Бидете над него

Ако почне да се однесува злобно или безобразно, немојте да се спуштите на негово ниво, туку однесувајте се достоинствено. Ќе се чувствува како идиот следниот ден, верувајте.

Немојте премногу да пиете

Постојат многу можни лоши сценарија во случај да се напиете и да го изгубите разумот. Може да се случи да го донесете дома и да направите будала од себе кукајќи за прекинот на врската и давајќи му до знаење дека се уште ви е до него.

А како да се однесувате во присуство на поранешната девојка на партнерот?

Не се споредувајте со неа

Тоа се случува речиси инстиктивно, почнувате да анализирате колкусте слични или поинакви од неговата поранешна девојка. Најважно е тоа дека тој сега е со вас и тука е крај на приказната. Трошењето на премногу време на размислување за поранешната, само ќе ве направи несигурни и ќе ви го сврти фокусот од она што е важно, а тоа е вашата врска.

Подгответе се за разговор за добрите стари денови

Кога мора да го слушате момчето и неговата поранешна девојка како се присетуваат на некои настани од минатото, тешко е да се остане смирен. Ако почнете да се чувствувате како аутсајдер, сетете се дека исто така постојат многуспомени кои таа не ги доживеала со вашето момче, а вие сте ги доживеале.

Воздржете се од подоцнежни расправии со вашето момче

Потиснувањето на гневот и негативните чувства може да предизвика експлозија на емоции откако ќе помине незгодната ситуација. Но, обидете се да се воздржите додека не се смирите. Ако и идниот ден размислувате за тоа, седнете и разговарајте со партнерот додека не го решите тоа. Емоционално набиените расправии не завршуваат добро.

Не дозволувајте да ве предизвика ако се однесува лошо со вас

Обидете се да се ставите во нејзина позиција и вие би биле завидни да го сретнете своето поранешно момче со феноменална нова девојка. Не е убаво, но е разбирливо. Игнорирајте го тоа, бидејќи таа е само поранешна.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска