Актерот Рајан Рејнолдс го прослави 43-тиот роденден, а неговата сопруга Блејк Лајвли не ја пропушти можноста да му се одмазди за серијата ужасни фотографии која тој ги објави од неа за да и го честита роденденот.
Таа објави заедничка фотографија под која напиша: „Одбрав добра (фотографија). Среќен роденден“.
Блејк и Рајан се познати по тоа што се шегуваат меѓу себе, на задоволство на многуте фанови на оваа славна двојка.
Оваа година, на шегата се придружи и актерката Салма Хајек.
“Да, Рајан, јас го користам твојот роденден за да објавам фотографија на која јас не изгледам лошо, но ти изгледаш страшно. Исто така, ќе ја искористам оваа прилика да те потсетам дека не ми испрати шише џин за мојот роденден пред два месеци. И, патем , среќен роденден“, напиша таа.
Рајан не чекаше долго да одговори.
“Ќе ти испратам толку џин што може да ти го уништи животот. Исто така, твојот базен веќе не е полн со вода. Оди и напиј се”, напиша тој.