Познатиот балкански кантавтор и композитор Горан Бреговиќ размислува за повторно собирање на некогаш популарниот бенд „Бијело Дугме“, тврди босанскиот портал Kameleon.ba.
Според истиот извор, Бреговиќ со групата сака да оддржи хуманитарен концерт за собирање средства за жртвите во поплавите во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.
Концертот би требало да се оддржи во Тузла и би го пренесувале повеќе ТВ канали од регионот со спонзорство на познати брендови, а приходите рамномерно би биле поделени за жртвите во поплавите во трите земји, наведува Kameleon.ba.
Во 2014-та се навршуваат 40 години од формирањето на „Бијело дугме“ и уште во јануари се појвија гласини за повторно собирање на бендот. Менаџерот Рака Мариќ најави дека планира да ги собере сите пејачи од бендот на зеднички роденденски концерт. Меѓутоа, Жељко Бебек тогаш изјави дека него никој не го контактирал во врска со таков концерт.
Можеби сепак катастрофалните поплави и потребата да им се помогне на настраданите, ќе им бидат поттик на сите членови од бендот да заборават на несогласувањате и повторно да се соберат, оценува Kameleon.ba.