Бен Афлек освои милион долари во хуманитарното издание на „Кој сака да биде милионер?“

Од:

Холивудскиот актер Бен Афлек освои еден милион долари во хуманитарното издание на квизот „Кој сака да биде милионер?“, приклучувајќи се на листата на славни личности кои ја освоиле максималната награда во популарното телевизиско шоу.

Во специјалното издание на квизот, познатите личности настапуваат во пар со искусни квиз-натпреварувачи, а целата освоена сума се донира во хуманитарни цели. Афлек настапи заедно со Џејми Динг, поранешен шампион на квизот „Jeopardy!“, а играа во корист на фондацијата Eastern Congo Initiative, која актерот ја основа во 2010 година.

Двојката успешно стигна до последното прашање вредно еден милион долари, кое се однесуваше на традицијата американскиот претседател секоја година да помилува мисирка за Денот на благодарноста.

Прашањето гласеше: „Кое од следните имиња никогаш не го носела мисирка помилувана од американски претседател?“ Понудените одговори беа: Peanut Butter & Jelly, Tater & Tot, Mac & Cheese и Spaghetti & Meatball.

Несигурни во точниот одговор, Афлек и Динг прво го искористија џокерот „Прашај го водителот“. Водителот Џими Кимел претпостави дека точниот одговор е „Spaghetti & Meatball“, при што се пошегува дека лесно може да го замисли американскиот претседател Доналд Трамп како јаде шпагети со ќофтиња.

За дополнителна сигурност, тие го искористија и последниот џокер – „Повикај пријател“. Сепак, повиканиот натпреварувач Стивен Морисон не успеа да им помогне со точниот одговор, па конечната одлука остана на Афлек и Динг.

Тие се одлучија за одговорот „Spaghetti & Meatball“, кој се покажа како точен, со што ја освоија главната награда од еден милион долари.

Освоените средства ќе бидат донирани на фондацијата Eastern Congo Initiative, непрофитна организација што Афлек ја основа заедно со Витни Вилијамс. Организацијата им помага на локалните заедници во источниот дел на Демократска Република Конго преку подобрување на пристапот до основни услуги, создавање економски можности и поддршка на иницијативи за правда и развој.

Афлек не е единствениот актер кој ја освоил најголемата награда во овој квиз. Неговиот долгогодишен пријател Мет Дејмон го направи истото минатата година, кога настапи заедно со легендарниот квиз-натпреварувач Кен Џенингс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мадона со хеликоптери пристигна во манастирот на Метеори, барала духовни совети

„ДЈ Ахмет” го освои Мелбурн: Македонскиот сандансовец издржа ја споредбата со светот на дигитална забава

Роби Вилијамс првпат отворено за новата дијагноза: „Сега имам оправдување за сè“

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на „Американска пита“ за девет дена заработила милион долари на OnlyFans: „Сакам да ги поместам границите“

Предраг Петровиќ

Туристите во Грција предупредени: Летувањето за неколку секунди може да се претвори во трагедија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Вака изгледа новата јахта на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ: Долга е 26 метри