Белгиец потрошил околу 10.000 евра верувајќи дека е во емотивна врска со канадската пејачка Селин Дион

Од:

Карла, ќерката на измамениот маж, изјавила дека нејзиниот татко редовно испраќал пари на лице кое преку пораки се претставувало како Селин Дион и тврдело дека се наоѓа во финансиски тешкотии, пренесува телевизијата БФМ.

Според неа, тој ги испраќал парите во форма на подарочни картички во вредност од 200 до 300 евра, кои ги купувал во трговскиот синџир Карфур.

„Во пресрет на Нова година 2025 година, татко ми цел ден седеше пред влезната врата, со спакувани куфери“, изјавила Карла, наведувајќи дека очекувал со такси да замине на аеродромот, од каде што наводно со приватен авион требало да биде префрлен во САД.

„Самиот плати цело богатство. Секако, никој не дојде“, додаде таа.

Семејството се обидело да го убеди дека станува збор за измама, но без успех.

Карла наведе дека нејзиниот татко на измамниците им испраќал и лични податоци за членовите на семејството, вклучително и фотографии, адреси и информации за внуците.

„Поради тоа не се чувствуваме безбедно“, заклучи таа.

Би можело да ве интересира

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

(ВИДЕО) Селин Дион падна на сцената пред илјадници луѓе: Нејзината реакција стана хит на мрежите

Македонски тим на олимпијадата по роботика во Јужна Кореја

НАСА објави неверојатна снимка од Марс: Сончевите зраци ги осветлија карпестите врвови

Предраг Петровиќ

На планета надвор од Сончевиот систем првпат забележан радио-сигнал: Што открија астрономите?

Ким Кардашијан откри зошто „бегала“ од љубовта пред врската со Луис Хамилтон: „Не бев подготвена“