Бебе Реџа има здравствени проблеми

Од:

Светски познатата пејачка Бебе Реџа, поради тешка инфекција на синусите, ќе биде оперирана, пренесуваат албанските медиуми.

Веста ја објави Реџа, наведувајќи дека повеќе денови не е во добра здравствена состјоба, дека едвај може да дише и има силни главоболки.

– Појдов на доктор за инфекцијата на синусите, која не поминува и ми рече дека треба да се оперирам. Поминувам тешки моменти далеку од родителите. Многу сакам да сум до мајка ми, напиша пејачката.

Родителите на Бебе Реџа, чие вистинско име е Блета Реџа, се од Македонија, татко и е од Дебар, а мајка и од Гостивар. Тие во САД емигрирале во 80-те години од минатиот век.

Родена е на 30 август 1989 година во Бруклин и долго е во светската музичка индустрија.

Таа е и текстописец на многу светски хитови, меѓу кои и “The Monster” на Еминем и Ријана.

Би можело да ве интересира

Уапсен напаѓачот на пејачката Бебе Реџа-откри зошто ја удрил со телефонот во глава

Предраг Петровиќ