Прилеп вечер и утре е домаќин на „Баскерфест“, единствениот уличен фестивал во државава кој се одржа во Скопје, информираат од локалната самоуправа.
Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, прилепчани ќе имаат можност да ги проследат настапите на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ со почеток од 20 часот.
– Ова е втора година како овој атрактивен фестивал се одржува во Прилеп. И овие две вечери прилепчани ќе може да уживаат во жонглирањето со оган, во магионичарските трикови, да гледаат брејкденсери од САД, изјави Ристески.
Најавено е и присуството на удирачката сензација „Барбароса самба груп“ од Романија и Колумбијката Каролина.