Годинашниов 12. меѓународен фестивал на улична уметност „Баскер фест“ својот настап во нашава земја традиционално ќе го почне на 12 и 13 јуни во Гевгелија, а потоа ќе настапи во уште неколку градови во Македонија, соопшти денеска информативната служба на општина Гевгелија.
Организаторите најавија дека стотината учесници од дваесетина земји во светот на гевгеличани ќе им понудат релаксирачки одмор и луда забава со квалитетна и разновидна музика проследена со настап на акробати и баскер изведувачи.
Меѓу поатрактивните учесници кои ќе се претстават пред граѓаните на Македонија се најавени артистите Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хорхе Енрикес и уште многу други кои ќе привлечат внимание со своите настапи.