Познатиот уличен фестивал „Баскерфест” вечерва и утре ќе се одржи во Младинскиот парк во Велес.
– Целта на фестивалот е да им приреди на сите посетители несекојдневно искуство. „Баскерфест” е огромен забавен парк за иновации и креативност, во кој сите се добредојдени да се придружат. Присуството на фестивалот е бесплатно за сите посетители, изјави портпаролот на општината Мартин Мајсторов.
Тој информира дека ваквите улични фестивали се значајна културна атракција во многу земји, а благодарение на „Баскерфест”, на оваа листа се вклучува и Македонија.
Баскерфест е фестивал на улични артисти и музика во живо со низа различни понуди за незаборавна забава како што се претстави, пантомима перформанси, улични танчери и креативни активности.