Фестивалот на улична уметност Баскерфест годинава ќе биде одржан од 12 јуни до 13 јули. Карванот на фестивалот, кој оваа година го прославува 10-от роденден, според најавата на организаторите, ќе понуди одлична баскер програма надополнета со музика, не само за скопјани туку и за цела Македонија.
Баскерфест 2015 официјално ќе почне на 12 јуни во Скопје, по што ќе продолжи и низ други градови низ Македонија.
Најавено е учество на околу 100 баскер изведувачи од целиот свет, секој од нив атрактивен на свој начин, а покрај уличните артисти, како и секоја година тука се музичките настапи во Пивската градина. Жонглери, брејкденсери, одење по жица, куклен театар, перформанси со оган се само дел од она што се очекува на Баскерфест 2015.