Популарната кулка Барби со децении е идол за многумина ширум целиот светот. Девојчињата си играат со нејзините кукли, жените ја гледаат како идол на совршенство, а има и такви кои одат чекор понатаму и ги полнат насловните таблоиди со нивните естетски операции за да изгледаат лако Барби или Кен.
Вљубеноста трае со децении. А како што времињата се менуваат, така и Барби мора да држи чекор со новите технологии и социјалните мрежи.
Така сега и Барби има Инстаграм профил, од кој многу од холивудските ѕвезди би се засрамиле. Таа се забавува на познатата Коачела, се вози низ Лос Анџелес во нејзиниот кабриолет, а можеме да ја видиме на модната недела во Париз. И секако, изгледа совршено.
Ова е веројатно еден од чекорите за дополнително да се популаризира 56 години старата Барби. Имено, на Мателовата кукла во првиот квартал оваа година дополнително и падна продажбата за 14 проценти.
За Божик на врвот на листата на желбите на малите принцези беше Дизниевата Елса од Снежното кралство, а минатата есен дури и Мателовиот ривал Хасбро ги презеде правата на производството на куклата од Снежното кралство. Токму овој цртеж е заслужен за 22 отсто раст на продажбата на производите на Дизни.