Актерката и пејачка Барбaра Стрејсенд го најави претстојното објавување на нејзините мемоари „My Name Is Barbara“ и во таа прилика сподели анегдота за тоа како го запознала нејзиниот сегашен сопруг, актерот Џејмс Бролин.
Кога гостувала во една телевизиска емисија, рекла дека е секогаш искрена и кажала дека кога го запознала Бролин, го фатила за коса и рекла „кој ти ја зафркна косата“, пренесува CNN.
„Што друго би можел да кажам, Здраво, јас се викам Барбара. Навистина“, рече Стрејсенд.
Стрејсенд и Бролин се запознале во 1996 година преку заеднички пријатели, а Бролин за средбата рекол дека нејзината директност ја сметал за „многу привлечна“, додавајќи дека се заљубиле „на прв поглед“.
Двојката се венчала во 1998 година и двајцата имаат деца од претходните бракови. Книгата „My Name Is Barbara“ ќе биде објавена на 7 ноември.