Балон со лик на налутено бебе Трамп ќе лебди над Лондон

Од:

Џиновски балон со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп како налутено бебе ќе лебди над Лондон за време на неговата официјална посета на Британија, закажан за 13-ти јули.

Управата на лондонскиот регион денеска го одобри барањето да се дозволи поставување на портокалов балон, висок шест метри, во близина на зградата на Британскиот парламент, по петицијата под наслов „Дозволете му на бебето Трамп да лета”, која собра повеќе од 10 000 потписи.

Лондонските власти првично не го одобрија летањето на балонот во форма на Трамп како бебе со пелени, фризура и паметен телефон, наведува „Политико’“ во своето европско издание.

Меѓутоа, Лео Мари, лидер на групата, која стои зад идејата за балонот и петицијата, рече дека градот, поради бројот на потписи на петицијата, очигледно „повторно ја открил својата смисла за хумор”.

Додека балонот лебди, предвидена е и протестна прошетка во центарот на Лондон, а активистите, кои го создадоа балонот изразија надеж дека „бебето Трамп ќе го однесат на пат околу светот“.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум