Авиокомпанијата „Вирџин Атлантик“ ја отвори првата „Галерија во воздух“

Од:

На патниците на повисоката класа на летовите на „Вирџин Атлантик“ на релацијата Лондон-Њујорк, во февруари ќе им биде понудена и вистинска уметност, во рамки на дјути фри продажбата.

Овој лет ќе ја прими на гости првата „Галерија во воздух“, која меѓу 1 и 28 февруари, ќе ги изложува делата на Бен Ајне. Британскиот уметник постигна светска слава кога Дејвид Камерон му подари еден од неговите трудови на Барак Обама, во текот на првата официјална посета на Вашингтон.

Уличните дела на уметникот се гледаат низ цел Лондон, особено на улицата „Мидлсекс“, денеска позната и под името „Алфабет“, во која Ајне на 26 наредени подвижни метални решетки за излози ги исцрта буквите од алфабетот.

Во „Галеријата во воздух“ ќе се најдат 10 трудови на Ајне по цена меѓу 2.500 и 15.000 фунти. Кога нема да бидат во воздух, платната ќе бидат изложени во просториите на „Вирџин Атлантик“ на аердоромите „ЏФК“ и „Њуарк“ во Њујорк и „Хитроу“ во Лондон.

На патниците ќе им бидат прикажани и снимки „од зад кулисите“ за тоа како се правени сликите.

-Создадовме сосема оригинален начин на воодушевување кон уметничките дела и нивното купување, што е сосема нова граница во оваа индустрија, изјави Ајне.

Ова е првата во серијата соработки меѓу бритабнската авиокомпанија и познатите уметници, а деталите за идните имиња допрва ќе се откриваат.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба