Антивалентин честитки за Денот на вљубените

Од:

Наближува 14 февруари, Денот на вљубените, празникот кога се купуваат и испраќаат љубовни честитки и подароци.

Најстарата честитка за Валентин ја напишал францускиот војвода Карло Орлеански на својата сопруга додека бил во заробеништво во Англија. Симболот на Валентин – Купид, е староримскиот бог на љубовта. Често се прикажува како држи лак и стрела, бидејќи се верува дека оној кој ќе биде погоден од неговата волшебна стрела веднаш ќе се вљуби.

Валентин 2

Секоја година за Валентин се испраѓаат околу милијарда честитки, само малку помалку од колку што се испраќаат за Божик. Валентин, заедно со Денот на мајката, е и денот кога се купува најмногу цвеќе. Секоја година, девојките и ѓените ширум светот за Валентин добиваат околу 50 милиони рози. Во Верона, родниот град на Ромео и Јулија, секоја година пристигнуваат околу илјада љубовни писма за Јулија. Во Америка, дури 15 отсто од честитките за Валентин девојките си ги испраќаат сами себе.

Валентин 1

Но многумина ги нервира овој комерцијален празник, како и притисокот на околината тој ден да се прослави со некој партнер. Многумина, честитките кои ги добиваат за Валентин ги сметаат за застарени, празни, неоргинални и обични и повеќе ги претпочитаат оние циничните.

Валентин 4

Уметничката Џули Ен е авторка на антивалентин честитки кои ја слават љубовта на несекојдневен, но сепак искрен и непретенциозен начин.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска