Антиоксидансите го регулираат нивото на шеќерот во крвта

Од:

Супстанците кои се наоѓаат во разни билни намирници можат да го регулираат нивото на шеќерот во крвта кај луѓето, кај кои постои ризик од болести на срцето и дијабетис, покажаа резултатите од најново истражување.

Истражувачите откриле дека исхраната богата со билни антиоксиданси полифеноли го намалува нивото на шеќерот во крвта.

Антиоксиданси се наоѓаат и во темното чоколадо, зелениот чај, кафето и маслиновото масло.

Шефот на истражувачкиот тим Лутгарда Бочето изјави дека луѓето завреме на испитувањето лесно се прилагодиле на насоките од научниците. Бочето е научник од Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол, а студијата ја претставила на Конгресот на Европското друштво за борба против артеросклероза.

Во друга студија се истражувала користа од кафето, зелениот чај и темното чоколадо. Откриено е дека овие антиоксиданси, освен што го намалуваат ризикот од дијабетис и болести на срцето, спречуваат и одредени видови на канцер и помагаат при работа на мозокот.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски