Англиска историчарка тврди дека приказот за Исус како рус, со сини очи и негуван изглед е погрешен

Од:

Долга руса коса, сини очи и негуван изглед – така со векови се замислува и прикажува Исус Христос. Тоа е европоцентричната визија на човекот што најверојатно воопшто не изгледал така. Баш како што не изгледал ни како многу глумци кои го овековечија на филмови.

Историчарката Џоан Тејлор од Универзитетот во Лондон објави книга за мистеријата на изгледот на Исус и нејзиниот заклучок е дека изгледал како поголемиот број од неговите современици – релативно низок, кафеави очи, мускулест и веројатно со кратка коса.

Со оглед на тоа што Исус бил столар, заклучокот на Тејлор е дека со оглед на работата и начинот на живот во тоа време, веројатно имал и лузни, како и кожни болести кои тогаш харале низ земјата. Поради физичката работа и недостигот на храна во комбинација со археолошките и антрополошки докази, заклучкот е дека Исус, најверојатно бил мускулест и со набиена градба.

Интересно дека Стариот Завет најчесто не отстапува од физичкиот опис на протагонистите, па така кралевите Давид и Соломон и патријарсите како Абрахам и Мојсеј се опишувано, како атрактивни, додека изгледот на Исус е третиран поинаку.

Недостигот на опис за неговиот лик, според Тејлор, е порака која говори дека Исус изгледал како просечен граѓанин на Јудеја. На некои места се опишува дека Исус често се губел во гужвите. Во Стариот Завет пророкот Изаја најавува раѓање на човек кој нема да привлекува внимание со својот изглед, но луѓето ќе го следат поради тоа што го зборува. Во Библијата почесто се опишува неговата облека отколку физичките карактеристики.

Во Откровението се опишува Исус на небесата, откако го напуштил овој свет. Се пишува за неговата глава и коса која е бела како снег. Неговите очи се како оган, а во десната рака има седум ѕвезди и сјае како најсјаното сонце.

Тејлор не е првата која го отфрла изгледот на Исус како висок и рус „аријевски“ Исус, но прва ги доведува во однос условите во кои Исус живеел и работел, со неговиот физички изглед.

Првите прикази за неговиот изглед датираат од вториот век од новата ера. Христијанскиот теолог Иринеј говори дека христијаните тврдат дека имаат портрет на Исус направен од Понтиј Пилат – но за тоа нема никакви докази.

– Исус јадел нередовно и малку. Многу се движат и се занимавал со работа за која што е потребна физичка издржливост. Бил слаб, но мускулест, а не висок. Недостатокот на опис и епитетите укажуваат на тоа дека бил со просечен изглед, односно дека не се истакнувал со убавината, заклучува Тејлор и уште еднаш повторува дека поголемиот број прикази на Исус Христов се одраз на европските културни вредности, а не на реалноста.

Би можело да ве интересира

Романски пратеник: Исус е роден од сурогат мајка

Татјана Ташкова