Романски пратеник: Исус е роден од сурогат мајка

Од:

Пратеникот на Унијата за спас на Романија, Јулијан Булаи доби многу критики откако објави на „Фејсбук“ дека Исус Христос е роден во „чудно семејство“ со „сурогат мајка“ и „татко кој прифатил татковство без да придонесува за тоа“.

На Божиќ по Грегоријански календар, пратеникот Булаи во статус на „Фејсбук“ го спореди општеството во Витлеем пред 2000 години со „неуспешните“ општества во денешна Романија.

– Едно дете. Сиромашно и потекнува од чудно семејство… Се појави на свет без неговите родители да водат љубов. Со сурогат мајка и татко кој го прифаќа татковството без да придонесува за тоа. Отфрлено од општеството… Неговото раѓање ги покажува необичностите и ограничувањата на општеството во кое се појави… Неговата судбина денес ја делат многу деца во Романија кои сепак не добиле родителска љубов, напиша романскиот пратеник на својот „Фејсбук“ профил, предизвикувајќи голем број негативни реакции.

Во објавата на „Фејсбук“ тој додава дека во државата има над 50.000 деца кои се грижа на државата, и дека годишно само 3.000 деца се посвојуваат.

Би можело да ве интересира

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Во Романија: Момче сакало да ги убие соучениците

Горан Наумовски