Анџелина Џоли и Бред Пит повторно заедно, ама на филмското платно

Од:

Холивудски извори велат дека Анџелина Џоли и Бред Пит би можеле повторно да бидат заедно – овој пат на големото филмско платно!

По разводот во 2016 година, поранешните сопружници со години се расправаат, како за старателството над децата, така и за имотот, како што е познатото лозје Миравал во Франција. Поради тензиите меѓу нив, организаторите на различни настани често внимаваат тие да не се сретнат.

Сепак, според странските медиуми, продуцентот Дени Роснер предложил идеја која би можела повторно да ги спои. Тој им понудил 60 милиони долари за да снимат заеднички филм инспириран од вистинска љубовна приказна од Втората светска војна – љубовната приказна помеѓу сопственикот на хотелот и неговата љубовница.

Бред и Анџелина би ги играле главните улоги.

Според информациите, Анџелина за овој проект би добила 22 милиони долари, додека Бред околу 37 милиони. Продуцентот се надева дека ваквиот заеднички ангажман би можел да помогне да се смират односите меѓу нив, не само во професионална смисла, туку и на личен план, особено кога станува збор за важни семејни настани.

Иако се уште не се знае дали актерите ќе ја прифатат оваа понуда, фановите ширум светот веќе го замислуваат нивното враќање на големото платно.

Би можело да ве интересира

По разводот Анџелина Џоли е побогата за вртоглава сума на пари

Предраг Петровиќ

Анџелина Џоли блесна на црвениот тепих – новата фризура ги брише годините од нејзиното лице

А1он

Анџелина Џоли за синот Медокс (23): Сега тој е пилот, сака авиони, како и јас

А1он

Бред Пит се соочува со нови обвиненија во спорот со Анџелина Џоли

А1он

Анџелина Џоли се чувствува осамено

А1он

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ