Истражување кое се занимава со порастот на дебели деца во САД укажува дека стапката на деца со прекумерна тежина е зголемена тројно.
Околу четири отсто деца на возраст од 2 до 19 година во 2004 година биле со прекумерна тежина. Според новите податоци, тој процент е зголемен за повеќе од 70 отсто од цифрите во 1994 година.
Регистрирана е поврзаност на зголемената тежина кај децата со имотниот статус на родителите – кај оние со ниски примања имало околу 4 отсто дебели деца, а кај семејства со високи приходи таа цифра била оклу 2,5 отсто. Тој податок укажува дека најзагрозените деца немаат ни најмала можност за лекување заради отежнат пристап до здравствени услуги.