Американизацијата на Светското првенство продолжува: Ели Голдинг ќе настапи на полувремето од четвртфиналето

Од:

Американизацијата на Светското првенство продолжува, а најнов пример за тоа е најавата дека британската пејачка Ели Голдинг ќе настапи за време на полувремето од четвртфиналниот натпревар меѓу Англија и Норвешка. Со овој потег, ФИФА продолжува да воведува елементи на забавна програма, какви што се вообичаени на големите американски спортски настани, слично на музичкиот спектакл што веќе се подготвува за финалето на турнирот.

Британската пејачка, позната по хитот „Love Me Like You Do“, ја потврди веста преку својот профил на Инстаграм. Таа објави серија фотографии со пораката:

„Настапот на четвртфиналето на Светското првенство на натпреварот меѓу Англија и Норвешка ми дава чувство дека сè е можно“, алудирајќи на својот хит „Anything Could Happen“ од 2012 година.

Таа испрати и порака за поддршка до англиската репрезентација:

„Веќе знам дека момците ќе ја направат Англија горда. Трофејот се враќа дома.“

Станува збор за познатата англиска навивачка парола „It’s Coming Home“, која често се користи кога се зборува за можноста Англија да освои големо фудбалско натпреварување.

ФИФА за финалето на Светското првенство подготвува досега најголем музички спектакл во историјата на натпреварувањето. Програмата на стадионот во Њујорк треба да трае околу 11 минути, а идејата за ваков формат ја иницирал фронтменот на групата „Coldplay“, Крис Мартин, кој учествувал во осмислувањето на концептот.

Според досегашните најави, на сцената би требало да настапат некои од најголемите светски музички ѕвезди, меѓу кои Џастин Бибер, Мадона, BTS и Шакира.

Со ваквиот концепт, ФИФА има цел дополнително да го доближи фудбалот до пошироката публика, следејќи го примерот на спектакуларните настапи за време на полувремето на финалето на американската НФЛ лига – Супербоул.

Би можело да ве интересира

Инфантино со силна поддршка од Советот на ФИФА – на повидок нов претседателски мандат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавени нови НЛО снимки кои ја шокираат јавноста, истражителите без објаснување

Предраг Петровиќ

Се намалува поддршката за Инфантино: Од регионов, Србија и Хрватска против негов нов мандат во ФИФА

Кина и САД со нова битка за освојување на Месечината

ФИФА се повлече од контроверзниот план, Инфантино доби едногласна поддршка

ВИДЕО: Инфантино призна пораз, го повлече контроверзниот план за Светското првенство

Катерина Ѓуровски