Ако вашиот партнер ги прави овие четири работи, веднаш напуштете го!

Од:

Следните знаци всушност ви даваат зелено светло да заминете дури и доколлку не сте сто отсто сигурни дека ја правите вистинската работа (иако, сигурно знаете дека ја правите).

Ова е кусо, но брутално. Не се залажувајте. Тешко дека некој ќе противречи, бидејќи ова се докажани работи.

1. Тој е насилен

Дури иако физички никогаш не ве повредил, насилен маж е насилен маж. Честото викање, сцени, фрлање работи или нешто сосема трето, дефинитивно не е мажот со кој треба да го поминете остатокот од животот.

2. Тој изневерува

Некои нема да се согласат со ова и ќе речат дека познаваат двојки кои имале вакви проблеми, но кои успеале својот однос да го вратат на „старо“ и да го направат уште подобар. Да, тоа се некои двојки. Тука не станува збор за самиот чин на неверство, туку за непочитување од негова страна, губење на довербата и големиот ризик за здравјето (сексуално преносливи болести).

3. Тој е порочен

Сега ќе речете: „Но и цигарите се порок!“ Да, се согласуваме со вас, но морате да признаете дека коцкањето, зависноста од дрога, алкохолот и секс се многу полоши пороци од пушењето!

4. Тој е манипулатор

Доколку тој на сите можни начини се обидува да ве смени, тој поточно манипулира со вас и вашите емоции. Не треба да се менувате заради кој било освен заради самите себе, а особено не заради маж, дури и да е последен на светот. Секогаш бидете она што сте – тоа секогаш е најдобрата „политика“.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска