Ако сакате кучиња, веројатно имате предрасуди

Од:

Сакате ли кучиња? Голема е веројатноста дека сте доминанти и дека имате предрасуди, барем така тврди истражувањето спроведено на 500 Австралијци.

Спроведеното истражување укажува на тоа дека сопствениците на кучиња имаат поцврсти и поконзервативни ставови. Неодамнешното истражување на 500 испитаници укажува дека тие исто така склони кон предрасуди и немаат проблеми со општествените структури и разлики.

Истражувањето за сопствениците на домашни миленици го спроведе Универзитетот во Мелбурн. Сопствениците на кучиња покажувале поголема доминација од сопствениците на мачки, а исто така имаат и посилно изразен натпреварувачки дух.

Сите карактеристики откриени кај љубителите на кучиња поврзани се со полесно прифаќање на општествените разлики.

Професорот по психологија Ник Хаслам во своето истражување барал карактерни особини поврзани со доминантноста. Во двете истражувања кои ќе бидат објавени во списанието „Антрозус“, љубителите на кучиња покажале склоност кон доминација и поддржување на нееднаквоста во општеството.

Жените кои сакаат кучиња меѓутоа не покажуваат толку изразена склоност кон доминацијата или поддржување на општествената нееднаквост.

Научниците претпоставуваат дека причината за тоа е фактот што љубителите на кучиња всушност се решаваат да чуваат домашно милениче за да можат успешно да му наредуваат.

Неодамнешното истражување на експертите во подрачјето на психологијата од Универзитетот во Гент во Белгија, како и оф Универзитетот Брок во Онтарио, укажува дека доминантните луѓе веруваат дека се подобри и повредни од животните па затоа се склони кон нивно искористување.

Тоа се вклопува во изборот на миленици со оглед на тоа дека кучињата се сметаат за верни животни кои можат да се тренираат и со кои лесно може да се манипулира, за разлика од мачките кои се самостојни и неверни.

Уште не е утврдена точната корелација со истражувањето на Универзитетот Карол во Висконсин ,чии резултати покажале дека сопствениците на мачки подобро поминуваат на тестот за интелигенција од сопствениците на кучиња, додека истражувањето на списанието „Тајм“ покажало дека љубителите на мачки се либерали.

Би можело да ве интересира

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Потресни зборови на Мадона по смртта на нејзиниот брат: Се обидов да го одржам во живот, тој имаше големи болки

Предраг Петровиќ

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ