Ако имате некое од овие занимања, веројатно имате проблем со килажата

Од:

Доколку морате по цел ден да седите зад работната маса, тогаш знаете колку е тешко да се остане во фирмата и не се соберат наслагите од маснотии околу половината. Новата студија откри кои се тие занимања кои имаат најголемо влијание на здравиот живот и килажата.

Администраторите, ИТ експертите, инженерите, медицинските сестри и учителите, најчесто се мачат со овие проблеми. Речиси 70 отсто од администраторите се здебелиле откако работат, додека кај другите набројани занимања повеќе од половината испитаници признаваат дека ги зголемиле килограмите.

До дебелеењето на работа доаѓа како комбинација на стрес, прекумерно седење и нездрава храна. Учесниците во анкетата признле дека поради густиот распоред немаат време за вежбање. Двајца од пет вработени не вежбаат секој ден, а секој десети испитаник не тренира никогаш. Со истражувањето опфатени се 3.600 Американци со полно работно време.

Еве неколкукорисни совети на луѓето кои работат.

Шетајте од работа и назад. Наместо да се возите, излезете барем неколкустаници порано и шетајте. Наместо возење со лифт, користите скали, а наместо испраќање е-мајл на колегите, подобро одете до нив и прашајте ги за тоа што ви требале.

Не заборавајте да пиете вода. Со пиењето вода не само што ќе го излажете желудникот кој ќе мисли дека е полн, тукуќе го намалите и бројот на беспотребни калории кои ги внесувате пиејќи други видови напитоци.

Земете ручек од дома. Ова е наједноставниот начин здраво да се храните и да ја контролирате големината на порцијата.
Јадете овошје и зеленчук.

Погрижете се во фрижидерот секогаш да имате некое овошје. Така побрзо ќе одолеете да посегнете за некои грицки од автоматот.

Водете дневник за својата исхрана. Така никогаш нема да заборавите што се сте изеле тој ден и колкукалории сте внеле во организмот.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска

ОН: Дебелината се заканува да биде нова глобална пандемија во светот

А1он