Најновото американско истражување покажува загрижувачки резултати, а тоа е дека дури 80 отсто од децата на десет годишна возраст, со желба да бидат слаби, биле на некаков вид диета и посебен режим на исхрана.
Студијата на американската организација Common Sense Media покажува дека едно од четири деца биле на некаков вид диета пред да наполнат седум години, а повеќето се девојчиња на возраст од 6 до 8 години.
Загрижувачките 80 проценти на деца на десет годишна возраст имаат искуство со редуциран режим на исхрана со цел да изгубат вишок на килограми, а од тој процент една третина се момчиња.
Клер Миско пред американската Асоцијација за нарушување на исхраната објаснува зошто овој податок не е премногу загрижувачки.
– Децата и младите луѓе се под големо влијание на околината, а живееме во свет кој постојано врши притисок врз нас дека треба да бидеме слаби и да ги изгубиме вишокот килограми. Глорифицирањето на слабеењето е сеприсутен феномен, така што прави младите луѓе, па дури и децата, толку многу да се опседнати со диети, објаснува Миско.
Таа додава дека светските компании против дебелеење, исто така, влијаат на овој тренд и дека денес многу се зборува за епидемија од вишокот на килограми.