Британската поп дива Адел освои најмногу награди на синоќешните амерички музички награди Греми, кои беа обележани од политичката ситуација во САД.
Адел осови пет Греми награди и ја зацврсти својата позиција во историјата на светската музика. Синоќа таа освои награда за најдобар албум и за најдобра песна за песната „Hello“, која што доживеа светски успех.
Култниот музичар Дејвид Боуви кој почина минатата година, постхумно го доби Гремито за последниот маестрален албум „Black Star“.
Британката Адел ѝ оддаде признание на нејзината главна конкурентка за наградите Бијонсе, која што за прв пат се појави во јавност од соопштувањето дека е трудна.
„Ние уметниците тебе те обожуваме“ рече Адел за Бијонсе, која што беше номинирана во девет категории.
Церемонијата протече, како и што се очекуваше, со доста критики за американскиот претседател Доналд Трамп, а се оддаде почит и за починатите Принц и Џорџ Мајкл.