Искреност, почитување, разбирање; тоа се оние приоритетите во врската. Меѓутоа овие седум работи, се скоро неважни во романтичниот однос:
Години – Иако „идеалната“ разлика е од три до пет години, постојат голем број успешни врски и бракови во кои партнерите се соочени со поголема разлика. Уживаат, се сакаат и не се заморуваат со бројки.
Љубовно минато – Не можете да го игнорирате, но не се преоптеретувајте со ова премногу. Најважно е другата половина како се однесува моментално кон вас.
Пари – Љубовта не може да се купи со пари, иако постојат и оние кои мислат поинаку. Богатството не е среќа, туку комфор во кој единствено може да уживате ако сте исполнети одвнатре.
Кој на кого прв – За жал, и вакви работи се забележуваат во модерните врски. Неважно е кој на кого му пристапил, туку важно е што сте заедно и што сте се пронашле.
Туѓи мислења – Вие не сте во врска заради вашите пријатели, познаници и роднини. Ако сте среќни заедно, другите би требало да го почитуваат тоа доколку им значите.
Различно друштво – Посебно друштво и различни места на излегување се сосем нормална работа. Не сте сијамски близнаци и треба да се одделувате одвреме-навреме. Тоа само ќе го разгори копнежот за повторно да се видите.