Слатки овошни мафини …
Потребно е (за 24 мафини):
200 гр путер
125 мл млеко
250 мл слатка павлака
2 јајца
140 гр шеќер
370 гр брашно
1 лажиче прашок за пециво
1/3 лажиче сода бикарбона
2 лажичиња екстракт од ванила
свежи сливи
шеќер во прав, за посипување
Подготовка:
– Сливите измијте ги, поделете ги на половинки и извадете им ги семките.
– Калапот за мафини намастете го со путер и посипете со малку брашно.
– Во еден сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и сода бикарбоната.
– На средна температура растопете го путерот во млекото.
– Изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ги киселата павлака, екстрактот од ванила и на 2-3 пати брашното и растопениот путер во млеко.
– Смесата сипете ја во калапот за мафини и израмнете. ме ги преполнувате до горе дупките затоа што ќе нараснат мафините.
– На секој мафин ставете по дбе половинки сливи свртени со исечениот дел нагоре.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 175 целзиусови степени 35 минути. Проверете со чепкала за заби дали се печени.
– Печените мафини оставете да се изладат, посипете ги со шеќер во прав и послужете.