Мемов: Случајот во градинката „13 Ноември“ во Дебар маало не е изолиран инцидент, тоа е аларм

Од:

„Фрапирани сме од случувањата во детската градинка „13 Ноември“ во Центар“ рече на денешната прес конференција портпралот на Движењето,
Никола Мемов и појасни дека тоа што таму се случува е нешто што ниту еден родител не сака да си го замисли, а уште помалку да го доживее за
своето најмило.

„Станува збор за нешто што е повеќе од скандал, нешто што е вистинска закана, директна опасност по животот и здравјето на децата. Замислете, деца во градинката „13 Ноември“ во Центар пронашле употребен наркомански шприц во дворот каде што секојдневно играат. Наместо топка, наместо играчки, тие го држеле шприцот во рацете, си го разменувале, ја кршеле иглата и, најстрашно, се гребеле и се боцкале едни со други“ рече Мемов.

Тој нагласи дека е тоа шок за едно семејство, бидејќи наместо сигурност и грижа за своето дете во градинката, добиваат страв, неизвесност и
траума.

„И наместо раководството на градинката и општината Центар, под чија надлежност се градинките, веднаш да реагираат, наместо истите овие да
излезат со објаснување и со план за заштита, родителите добиваат закани „да молчат“ и да не зборуваат за случајот. Дали молкот е поважен од животот и здравјето на децата“, нагласи Мемов и упати неколку прашања до градоначалникот на општина Центар:

„Господине градоначалник на Центар, Дали децата во градинките се препуштени сами на себе? Дали дворот на градинката „13 Ноември“ е безбедно место за игра или ризична зона каде децата можат да најдат употребени игли и шприцеви? Дали е точно дека на родителите им било кажано да молчат и да не зборуваат јавно за случајот? Дали безбедноста и здравјето на децата ви се приоритет или сè додека не се случи несреќа ќе останеме неми сведоци на вашето неисполнување на обврските?“

Портпаролот на ЗНАМ, Мемов нагласи дека градинката треба да биде втор дом на децата, а не место на страв и опасност.

„Родителите ја доверуваат најголемата светост, своите деца, и имаат право да бидат сигурни дека тие се безбедни. Случајот во градинката “13 Ноември” во Дебар маало, не е изолиран инцидент, тоа е аларм. Аларм дека системот во Центар не функционира. Аларм дека се игра со здравјето на децата. Аларм дека институциите молчат кога треба да обезбедат заштита, хигиена и безбедност.

Ние, од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, ќе прашуваме, ќе бараме одговори и ќе инсистираме на одговорност за случајот. И нема да застанеме тука – ќе бараме и ќе се залагаме за подобрување на условите во сите детски градинки, ќе бараме зајакнување на безбедносните
мерки и редовни контроли, за вакви скандали никогаш повеќе да не се повторат. Затоа што за децата нема компромис, рече на денешната прес
конференција портпаролот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Никола Мемов.

Запрашан кој е ставот на Движењето ЗНАМ во однос на пожарите кои деновиве се случуваат и за кои има индиции дека се подметнати и дали има
политичка позадина, Мемов одговори:

„Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија апсолутно ги осудува сите вакви настани. Апелираме до органите на управата, до Министерството за
внатрешни работи да ги пронајдат сторителите, да ги лоцираат и да преземат соодветни мерки за нивно санкционирање. Апсолутно е недозволиво
во услови на нормален живот да ни се случуваат вакви инциденти. Очигледно е од снимките дека пожарите се подметнати“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Генерал Горанчо Котевски, поранешен Началник на Генералштабот на АРМ за носител на Советничката листа за град Скопје

Лабудовиќ присуствуваше на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември

Горан Наумовски

Димитриевски: По одржувањето на седница на највисоките тела на Движењето ЗНАМ ќе биде соопштен ставот за кандидатите за градоначалници

Горан Наумовски

ЗНАМ: Филков е симбол на тоа каков треба да биде еден јавен функционер

ЗНАМ: Со балансерот не се вработуваа чесни граѓани од сите заедници – туку свои блиски, братучеди и партиски послушници

А1он

Летен камп на младите на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија