Не биле вонземјани туку кампања на Македонски шуми

Од:

Мистериозниот круг во житните полиња во штипско, не е ништо повеќе туку кампања и новото лого на јавното претпријатие „Македонски шуми“. Ова денеска го објави директорот на претпријатието, Жарко Караџоски.

Караџоски изјави дека симболот што пред неколку дена се појави во житото кај штипско Карбинци не е поздрав од вонземјани, туку е новото лого на јавното претпријатие. Сепак негира дека снимката која пред неколку дена ја објавија скоро сите медиуми од Македонија, со шпекулации дека се работи за дело на НЛО, не била маркетиншки трик. Објаснија дека параглајдеристот Ментор Саити од Гостивар кој саботата на 1 јули летал над Штип и го снимил мистериозниот симбол, сосема случајно го забележал мистериозниот круг, го снимил и објавил. Сепак останува нејасно зошто иако медиумите и граѓаните му обрнаа големо внимание на необичниот симбол, од претпријатието чекаа дури денеска да објават дека тоа е дел од нивното ребрендирање.

„Логото и слоганот се дел од новата филозофија на работење на „Македонски шуми“ каде што преку слоганот „Во партнерство со природата“ претпријатието симболично ја прикажува неразделната врска помеѓу луѓето и шумите“, велат од „Македонски шуми“.

Знакот, ја претставува постојаната промена, движењето и обновливоста. А различните бои на трите листа ги претставуваат фазите низ кои поминуваат шумите за време на различните годишни времиња.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Не е криза на парите, криза е на моралот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Велосипедист падна во провалија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Барак Обама ја пее Get Lucky на Daft Punk

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ник Валенда успешно премина по јаже преку Големиот Кањон

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиев да каже каде се трошеа парите од времето на СДСМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Научната јавност – Во Македонија нема порака од други планети

Ана Ололовска