Зимбаков: Интервентната кардилогија функционира тековно и без застој

Од:

Одделот за интервентната кардиологија на Универзитетската клиника за кардиологија функционира тековно и нема никаков застој. Се третираат и најтешките случаи со акутен миокард. Во ниту еден момент не била и не е загрозена безбедноста на пациентите. Безбедноста и квалитетот со тимската работа ќе биде само поголема.

Ова денеска го истакна директорот на Универзитетската клиника за кардиологија д-р Жан Зимбаков, кој најостро ги осуди неодамнешните обвинувања на поранешниот директор д-р Сашко Кедев за оваа јавна здравствена установа и појасни дека не е оневозможено неговото работење на Клиниката.

– Доктор Сашко Кедев не е деградиран во обичен доктор како што изјави. Знаењето и репутацијата кои ги стекнувал со години никој не може да му ги одземе, како што никој не може да му ја одземе и титулата професор. Тој е дел од тимот и нема забрана да работи во ангиографската сала и не е спречен за ниту една процедура, за разлика од него кој 11 години приватизирал процедури и не дозволил друг да работи злоупотребувајќи ја функцијата директор, рече Зимбаков.

Потенцира дека од неговото доаѓање за директор на Клиниката за кардиологија, Кедев во првите две недели бил шеф на Одделот за интервентна кардиологија, но не доаѓал наутро на работа како сите доктори, го немало на листата за електронска регистрација на времето за работење, не присуствувал на ниту еден утрински состанок на кој се реферираат и дискутираат пациентите со што покажал негрижа кон нив и бил единствен кој немал МојТермин, ниту каква било работна обврска.

– Не беше во тек со пациентите во Интензивна нега и за кои како шеф на интервентна кардиологија требаше да направи проценка и договор за интервенција. Затоа е сменет од шеф на оддел. Одделот и останатите интервентни кардиолози функционираат како досега на ист начин и со иста фреквенција на работа. Не може шефовското место да биде сведено само на интерес за студии и корист од нив. Разликата сега е само што понатаму Одделот ќе функционира и одлучува како тим што е основна препорака на американскиите и европските здруженија, додаде д-р Зимбаков.

Тој појасни дека за нов шеф на Одделот за интервентна кардиологија е назначен д-р Оливер Калпак, долгогодишен интервентен кардиолог.

Од Клиниката наведуваат дека во 2012 година во таа јавна здравствена установа биле изведени 4.000 интервенции, а минатата година 13-члениот тим извршил 6.600 од кои над 3.000 се со стентирања.

Би можело да ве интересира

Костов: Се намалува возраста на лица со срцеви заболувања, да се дејствува превентивно и врз работи на кои може да се влијае

Во Англија пациентите на кардиологија чекаат повеќе од една година за лекување

Поцеста и Филиповиќ нови директори на Клиниките за кардиологија и дерматовенерологија

Срцевата страна на хипотиреозата

Предраг Петровиќ

Лицата со кардиоваскуларни заболувања да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19

Ана Ололовска

Во земјава се намалува смртноста од кардиоваскуларни заболувања