Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците

Од:

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села попладнево во Тетово поднесе оставка од функцијата.

Села нагласи дека неговата оставка доаѓа по резултатите на изборите за општински советници во Тетово, каде неговата партија не успеа да добие ниту еден советник.

„Од овој момент поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Алијансата за Албанците“, изјави Села.

Тој најави дека во партијата ќе се направат анализи за резултатите од изборите, а дополнително Централното собрание ќе одлучи кој ќе биде вршител на должноста претседател на партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани