Живи и здрави се пронајдени троjцата моторџии кои се изгубија на Плачковица

Од:

Среќно заврши потрагата по тројцата моторџии кои вчера биле пријавени дека се изгубени на планината Плачковица, а нивните семејства не можеле да воспостостават телефонски контакти, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК го пренесуваат известувањето од регионалниот ЦУК -Штип, дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи, е добиена информација за изгубени лица на планина Плачковица. Тројцата моторџии биле со поголема група кои се упатиле од хотел „Бел камен“ -Радовиш кон село Зрновци. Последен контакт со нив е околу 19 часот, при што кажале дека се заглавени во некоја кал на неодредена локација.

– Во потрага биле вклучени: 15-16 лица со мотори кои биле во нивната група, едно полициско возило од Полициската станица (ПС )Штип на правецот Туртел – одморалиште Универзитет „Гоце Делчев“ (УГД), едно полициско возило од село Зрновци кон Плачковица, околу 20-25 луѓе од поблиската фамилија на исчезнатите лица. Истовремено, било контактирано со Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани, кои се организираат да тргнат во пребарување. Биле известени и дежурните од ДЗС Скопје за преземање мерки во нивна надлежност, се вели во соопштението од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Штип утринава извести дека од Планинарска служба Осогово со четири лица и едно теренско возило во пет часот излегле на терен и пребарувале на релација Видовиште, Латал – Бел Камен.

Според последните информации добиено од РЦУК Штип, едното од изгубените лица во 6.58 часот воспоставило контакт со член на фамилија и известил дека трите лица со моторите се заглавени во кал, па ноќта ја поминале на планината Плачковица и дека се во добра здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Катерина Ѓуровски

Скриен арсенал муниција и гранати откриен покрај локален пат кај Гостивар

Жената не внимавала на пешаците, прегазениот човек се движел по коловозот наместо по тротоарот, соопшти Обвинителство

Двајца 17-годишници фатени со 48 пакувања марихуана