Жител на неготинско Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта

Од:

Жител на неготинското село Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта.

-Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Л.Д., на возраст од 55 години од село Пепелиште, неготинско. При сообраќајна контрола на улицата „Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал Л.Д. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

-По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, додадоа од СВР – Велес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Возеше пијан со 200 км на час – заработи пријава

А1он

Со 4,58 промили алкохол во крвта удрил во сообраќаен знак, па избегал од местото на несреќата

А1он

Лишени од слобода возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, возеле под дејство на алкохол, двајца предизвикале и сообраќајни несреќи