Лишени од слобода возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, возеле под дејство на алкохол, двајца предизвикале и сообраќајни несреќи

Од:

На 16.08.2025 во 12:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Е.Л.(55) од Неготино, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со неготински регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.В.(24) од Кавадарци, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 во 23:25 часот на бул. „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.В.(48) од Куманово, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „форд“ со кумановски регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 во 22:15 часот на ул. „Св. Нектариј Битолски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.В.(48) од с.Баница, струмичко, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „фиат“ со струмички регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ