Жичницата на Водно ќе работи по зимско време

Од:

Јавното сообраќајно претпријатие соопшти дека од утре жичницата ќе има зимско работно време кое ќе важи до 1.март.

Жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, последното возење нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од надоле ќе биде 16.45 часот.

И понатаму, неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот.

Од утре, ќе има измени и во возниот ред на линијата 25, која сообраќа од Транспортниот центар до Средно Водно.

ЈСП соопшти дека се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16.20 и 17.20 часот, односно поаѓањата во 16.40, 17.40 и 18.40 часот од Средно Водно.

И понатаму, линијата 25 во понеделник не е во функција. Возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Пронајдени деца кои се изгубиле на Водно