Жена загина во сообраќајка со трактор кај Лопатица

Од:

Триесет и шест годишна жена почина денеска изутрина во сообраќајка меѓу автомобил и трактор на патот Битола – Кичево, на 200 метри од излезот од село Лопатица кон Демир Хисар.

Како што соопшти денеска МВР, сообраќајката се случила во 4 часот и 5 минути меѓу патничко возило марка „БМВ“ управувано од Н.Н. (37) од село Журче, Демирхисарско и трактор марка „ИМТ“ управувано од М.З. (41) исто така од село Журче, Демирхисарско.

Од несреќата, поради тежините на повредите, М.М. (36), сопатник во тракторот починала на пат до Битолската општа болница, додека М.С. (14), М.В. (63), сопатници во тракторот, како и возачот М.З. се здобиле со тешки телесни повреди, но се надвор од животна опасност.

Сопатникот во патничкото возило Н.М. (29) исто така се здобила со тешки телесни повреди, а кај возачот на „БМВ-то“ биле констатирани телесни повреди.

На место на настанот извршен е увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Над Демир Хисар летал голем балон со инсталирана направа од која дувал оган

A1on

Народниот правобранител ќе поведе постапка за Психијатриската болница во Демир Хисар

Правници и архитекти раководат со Психијатриски болници: Кој ќе сноси одговорност за третирањето пациенти

A1on

Мајката на аутистичното момче за „А1он“: „Едвај стои на нозе, предозиран е од лекови“

A1on

Градоначалникот на Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Во Ресен и Демир Хисар гласањето се одвива без пречки

Жарко Настоски